| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со жителите на општина Карпош (фото)

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов денеска во општина Карпош оствари средба со граѓаните на населбите Тафталиџе и Карпош 3, при што го посети и пазарот во Тафталиџе.

ivan kar

Со жителите на Карпош, Иванов размени мислење околу севкупните состојби во општината и ги претстави главните цели од неговата изборна програма.

ivan kar1

Заблагодарувајќи се за поддршката на првиот изборен круг, Иванов ги повика граѓаните во недела масовно да го искористат своето демократско право на глас и да изберат тим кој мисли за иднината на секој граѓанин во Република Македонија.

ivan kar3

Доколку повторно ја добие довербата на народот, тој посочи дека и натаму во рамки на своите надлежности максимално ќе се залага за унапредување на економскиот развој на државата, како и за унапредување на меѓународниот углед. Иванов додаде дека за севкупниот напредок е неопходна квалитетна соработка меѓу институциите.

ivan kar4

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top