| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана: Moјата љубов, моето сѐ

Македонската пејачка се подготвува за изборот на песна за „Евровизија“ кој за еден месец ќе се случува во Копенхаген, Данска. Тијана Дапчевиќ најголемата поддршка ја добива од нејзиното семејство.

„Мојот сопруг, мојот најдобар пријател, мојата љубов, моето сѐ“, вака таа ја наслови фотографијата со нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ, со кого се во брак 14 години.

За нивната врска, Тијана неодамна во емисијата „Еден на еден“ на Жарко Димитриоски, рече дека навистина била љубов на прв поглед. И двајцата знаеле дека ја сретнале вистинската личност за нив.

По две недели познавање, тие се вселиле заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top