| четврток, 6 декември 2018 |

Листа на пунктови за ковертите за „Фискална во рака – награда без мака“

Во пресрет на 5. извлекување кое ќе се реализира на 28 април 2014 година, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови, известува организаторот Државна лотарија на Македонија.

Еден од пунктовите е во зградата на МРТ, при седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно- исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот – СРЕЌНО МЕСТО.

Во Скопје, секој ден во тек на работното време на среќните места: „Толлакс“ на улица Македонија и „МПМ Пресс“ кон Плоштад Македонија.

Во другите градови по долунаведениот распоред:

 

ВТОРНИК     ____
22.04.
ВЕЛЕС (продажно место ЛОТО77)
КУМАНОВО (продажно место КЕОПС)
 
 
СРЕДА
23.04.
ШТИП (продажно место ТУТУН ПРОМ)
КОЧАНИ (продажно место АНАФИЛ)
СТРУМИЦА (продажно место ВАТКОС)
 
ЧЕТВРТОК
24.04.
ГЕВГЕЛИЈА (продажно место МИМА)
КАВАДАРЦИ (продажно место ДО ВИ)
ПРИЛЕП (продажно место ТОБАКО ПЛУС)
 
ПЕТОК
25.04.
БИТОЛА (продажно место КРИСМИ)
ОХРИД (продажно место ПРАГМА)
СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)
 
САБОТА
26.04.
КИЧЕВО (продажно место ДЕТЕЛИНКА)
ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)
ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)

 

ВРЕМЕ ЗА ПОСТАВЕНА КУТИЈА ОД 11 – 15:00 часот

 

Во ова 5. коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Извлекувањето ќе се реализира во живо на 28 април на Македонска Радио Телевизија, од 20:00 часот.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 5 коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11.2013, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” БР. 8
1000 СКОПЈЕ

ЗА НАГРАДНА ИГРА
ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top