| четврток, 6 декември 2018 |

Урнат светски рекорд во музичката индустрија

Фронтменот и основач на Вајт Страјпс, Џек Вајт, го урна рекордот во најбрзо објавен носач на звук за што му беа потребни три часа, 55 минути и 21 секунда, пишува весникот Тајм.

Како дел од „Record Store Day“, Вајт ја изведе насловната песна од неговиот албум „Lazaretto“ кој во продажба стигнува на 10 јуни пред малубројна публика во Нешвил.

Веднаш после настапот снимката на винил ја објави „United Record pressing“. Фановите кои се задржале малку подолго можеа веднаш да го купат синглот.

Досегашниот рекорд го држеше швајцарската група „Vollgas Kompanie“ која го објави „live“ албум, само еден ден после снимањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top