| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевно пладне во библиотеката „Страшо Пинџур“ во чест на Софе Штерјоски

knigi-

Денеска во 12 часот, во библиотеката „Страшо Пинџур“ во Скопје ќе се одржи книжевно пладне во чест на македонскиот хуморист, сатиричар и лиричар Софе Штерјоски (1949 – 1984). Повод за одржување на ова чествување се триесет години од физичкото заминување на Штерјоски беше новинар во редакцијата за хумор на Македонското радио.
Пишуваше хумор и сатира, поезија и проза за деца и за возрасни и драмски текстови. Го создаде култниот радио-лик Аврам. Објавуваше во Македонија и во републиките и покраините од поранешна Југославија каде доби и многу награди на конкурси за раскази, песни, афоризми и за радио-емисија.

Посмртно е добитник и на Повелба на „Јеж“ за исклучителна авторска соработка и придонес за угледот на списанието „Јеж“ и признание за животно дело.
На книжевното пладне, за творештвото на овој македонски автор, свое искажување ќе има писателот Горјан Петревски, а за потсетот на Штерјоски ќе придонесе и неговиот долгогодишен колега и пријател, хумористот и сатиричар Иван Карадак. Делови од творештвото на Штерјоски ќе читаат актерите кои што беа негови најблиски соработници во текот на неговиот работен век во Македонското радио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top