Рускиот претседател Владимир Путин поднел предлог Закон до Думата за легализација на коцкањето на полуостровот Крим кој пред месец се присоедини со Русија.
Парламентот најверојатно ќе го усвои предлогот, а потоа на локалните власти на Крим ќе им бидат одредени зони во кои ќе биде дозволено коцкање, пренесува агенцијата Франс прес.
Со оваа мерка Путин сака економски да го зајакне полуостровот. Според зборовите на заменик премиерот на Крим Рустем Темиргалиев зоната со коцкарници на Крим ќе биде сериозна конкуренција на Макао, Монте Карло и Лас Вегас.
– Наша задача е да создадеме туристички кластер кој ќе функционира цела година, користејќи ја зоната за коцкање како предност, рекол Темиргалијев за агенцијата Итар тас.
Русија го забрани коцкањето во 2009 година, но создаде четири зони каде што е дозволено- Владивосток, Алтај, Красноадр и Каљининград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.