На 13 април народот масовно излезе на избори и даде јасна и недвосмислена порака. Тој недвосмислено убедливо гласаше во корист на кандидатот на ВМРО-ДПНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, сегашниот и иден претседател Ѓорге Иванов. Таа силна подршка беше преточена преку 450 илјади гласа и 123 илјади гласови разлика. Тоа е голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција и за Ѓорге Иванов.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Центар во Скопје.
-Зачудувачки беше потоа што наместо како сите доблесни политичари тоа го прават, ќе излезат, ќе честитаат победа, нашиот политички конкурент СДСМ излезе со теза дека изборите биле нерегуларни, дека имало системска грешка. Потоа сменија плоча и почнаа да говорат дека народот е крив. Дека тие 450 илјади луѓе што гласале за ВМРО-ДПМНЕ биле со подпросечна инетелегенција. Поминаа два-три дена па почнаа да одат од град во град и од тие луѓе да бараат да гласаат за нив во вториот круг. Доживејаа еден дебакл на изборите во првиот круг, од кој добија зашеметување и секој ден нешто менуваа. Влегоа во еден негативен филм на негативна кампања, заборавија и средна класа и промени. Влегоа во еден виртуелен филм на монтажи, местенки, на искривување на вистината, на манипулации и не знаат каде одат. Јас знам каде ќе одат после 27. После 27 кога ќе се грабнат помеѓу себе да се раправаат, кој е прав, кој е крив, кој оставки да си поднесува, нема да можеме да ги разделиме. Најпрво ќе кажат дека повторно имало системски слабости, потоа ќе почнат со црни сценарија. Едно 3- 4 саати ќе зборуваат дека не било регуларно, а потоа нема да се знае од која стрaна летаат пердуви во СДСМ од меѓусебно клеветење, монтирање, кодошење, манипулирање.
Оваа доверба што граѓаните ја изразија на 13 април, рече Груевски, сега после ваквото потценување од страна на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, после чекорите на ново потценување на граѓаните, јас сум убеден дека на 27 ќе имаме над 500 илјади гласови за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ и над 62 пратеника.
-Остануваат само уште 6 дена и што ли нема да се изнаслушаме. Ќе викаат, ќе се силат, ќе монтираат, луѓето се тотално изгубени и не знаат што прават. Од недела натаму, глас нема да им чуеме, освен изјавата што ќе ја дадат дека не било регуларно. Заев ќе си ги собере парталите и ќе оди дирекно кај корнишоните во Струмица, Радмила ќе гледа да се спаси ако може да остане во новото раководство, а Бранко ќе мисли кое е новото дете, вели Груевски.
Груевски истакна дека на СДСМ им недостасува демократија само кога тие не се на власт.
– Кога се они на власт тогаш медиумите се слободни, а многу добро знаеме колку беа слободни медиумите. Кога бевме во опозиција не ни доаѓаа на прес-конференција. На едне куп прес-конференции дали доаѓаше по еден медиум, некогаш ниту еден. Држевме прес-конференции во ѕидот и сега тие ќе говорат за слобода на медиумите и за демократија. Во нивно време имаше само 2 весника во државата до 1997 година, па изгубија на изборите во 1998 и 2006 година. Да ги прашам дали и тогаш немаше демократија. Кога ја изгубија довербата од граѓаните, рече Груевски.
Тој упати порака до оние граѓани кои заради било која причина не гласале, до оние кои размислуваат да гласаат за малите партии, но и до оние кои гласаа за СДСМ.
-Оваа програма е за сите граѓани на Македонија, за секој човек. Ние работиме за сите. Сакаме да помогнеме колку што можеме. Јас знам, сигурен сум дека секој што ќе ја прочита Програмата ќе каже дека ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го бараме од нив, да ја прочитаат Програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии