| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски ја посети Општина Брвеница

Во попладневните часови на денешниот ден, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски ги посети населените места во Општина Брвеница.

Посетата започна со средби во селото Стенче, по што следуваа посети на селата Волковија, Блаце, Милетино и Брвеница.
Во рамките на посетата, Попоски се сретна со граѓани на оваа општина и разговараше за предизвиците со кои се соочува овој регион и самата општина. Воедно, тој ги промовираше проектите од програмата “Проверено”  на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top