| четврток, 6 декември 2018 |

Чиста среќа што досега не удрил астероид во Земјата

asteroid
Шансите огромен астероид да удри во Земјата се три до десет пати поголеми отколку што се мислеше претходно, тврдат тројца поранешни астронаути на НАСА, кои наредниот вторник на конференција за медиумите ќе понудат резултати од истражувањето до кое што дошле.

Ед Лу, претседател на организацијата B612 и поранешен резултат, рече дека колегите и тој своите откритија ги темелат на таканаречената мрежа за следење на нуклерано оружје. Тој откри дека од 2001 година до денес ширум нашата планета се случиле 26 експлозии со јачина на атомска бомба. Тврди дека за нив не се знае, бидејќи се случиле во зафрлени делови од Земјата.

-Се покажа дека ударите од астероиди не се така ретки. Фактот дека ниеден од овие удари не е однапред воочен е доказ дека единствено нешто што не чува од катастрофа предизвикана од удар од астероид доволно голем да уништи град е чиста среќа -, вели Лу.

Сепак, порачува дека не сме потполно беспомошни. Неговата фондација во 2017 година планира во вселената да испрати моќен телескоп кој би ни помогнал однапред да дознаеме кога ни се приближува потенцијално опасен астероид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top