| четврток, 6 декември 2018 |

Русинот ги пушти заложниците, си ја бара заштедата од „Западна банка“

banka rusija
Мажот, кој претходно денеска зеде тројца заложници во банка во рускиот град Белгород и побара да му биде исплатен откуп од над 20 милиони рубљи (околу 700.000 долари), се предаде. Тој ќе ја добие бараната сума, која е еднаква на неговата заштеда во руската „Западна банка“, на која Централната банка на Русија денеска и ја одзеде лиценцата за работа, соопштија од главната управа на руското МВР, под чие раководство се водеа преговори со киднаперот.

Според портпаролот на регионалната полиција, мажот планирал утрово да го повлече влогот од банката и „емотивно реагирал“ на веста дека финансиската институција, чија лиценца денеска беше одземена од руската централна банка, повеќе не работи со клиенти.

Троцата службеници на банката, за кои се сметаше дека се држени за заложници, всушност останале на работните места, без да бидат заплашувани и во канцеларијата имало мирна ситуација, соопшти регионалниот полициски портпарол.

Мажот е задржан за дообјаснување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top