| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Ќе го направиме „Јужен тек“ во договорениот рок

JUZEN_POTOK

„Јужен тек“ не е под закана тврди Александр Медведев, заменик претседател на ОАД Гаспром, и генерален директор на Гаспром екпорт, фирма-ќерка на Гаспром одговорна за транспорт на гас. Тој во две интервјуа дадени за германски и италијански медиуми зборува за европските прилики на пазарот на гас. За италијанскиот весник „Панорама“ вели дека Гаспром е способен да го изгради и пушти во зададениот рок.

– Ние сме способни да го изградиме и да го пуштиме во експлоатација овој гасовод во зададениот рок, за да и обезбедиме на Европа безбедни и стабилни испораки на гас со заобиколување на непредвидливите земји -транзитери. Единствената опасност е тоа што во Европа не сфаќаат докрај какви се предности ќе им донесе „Јужен тек“. Сега е моментот кога станува сосема јасно колку на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас, за да стане сосема независен од транзитните држави. „Јужен тек“ е поткрепен со достапни резерви на гас и инвестиции – тоа е еден од таквите патишта. Тој мора да биде поддржан, а не блокиран – вели Медведев.

На прашањето на германскиот „Handelsblatt” дали рускиот претседател Владимир Путин би можел да го искористи прекинот на испорака на гас како политичко оружје, ако се земе предвид дека Гаспром е сопственост на руската држава, Александр Медведев одговара:

– Гасот не е оружје, гасот е стока. Ние произведуваме и продаваме гас. Трговијата е дејност мирнодопска и корисно затоа што таа обединува. Ние сме заинтересирани да го продаваме „синото гориво“, да заработуваме пари во интерес на нашите акционери – руски и странски, приватни и државни. Значителен дел од нашите акционери, всушност се корпоративни и индивидуални инвеститори од САД и од Велика Британија. Руската Влада е наш најголем акционер, но, не е и единствен. Нашите акции се продаваат на светските берзи. И сите наши акционери,чија бројка е над половина милион, меѓу нив и владата на Русија, за заинтересирани за тоа што Гаспром да носи профит, а не да војува. Ете зошто сме принудени да настојуваме Украина да ги плати сите свои сметки за гас и јас сум зачуден зошто овој едноставен факт се уште не наишол на вистинско разбирање во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top