| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма во Русија: Маж држи тројца заложници

banka500
Вооружен маж држи тројца заложници во една банка во рускиот град Белгород, што се наоѓа на околу 40 километри од руско-украинската граница и за нивно ослободување бара откуп од 25 милиони рубљи (нешто над 700.000 долари), јави ИТАР-ТАСС.
Според непотврдени информации, сумата што ја бара киднаперот е еднаква на неговата заштеда во руската „Западна банка“, на која Централната банка на Русија денеска и ја одзеде лиценцата за работа.

Полицијата го блокира реонот околу банката и во тек се преговори со киднаперот за негово предавање и ослободување на заложниците.

Од безбедносни причини полицијата ги евакуирала и присутните во училиштето покрај кое се наоѓа банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top