Синоќа, околу 21 часот и 25 минути во Клиничкиот Центар во Тетово било примено младо момче со повреди нанесени од остар предмет во пределот на вратот . Се работи за Ц.В.(1995) од с.Д.Палчиште, тетовско, кој во разговор со полицијата рекол дека седел на маса со две години помладиот Л.К. од истото село. Седеле во тетовското село Раковец во интернет кафето „Бени“, кога без повод и причина Л.К. го повредил со нож во пределот на вратот.
Л.К. е пронајден и приведен во ПС, а на лице место на еден од рафтовите од шанкот е пронајден ножот со кој му биле нанесени повреди на оштетениот.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. Врз Ц.В. е извршен хируршки зафат на двете повреди (расекотини) во пределот на задниот дел од вратот и истиот е вон животна опасност.СВР-Тетово превзема мерки за расчистување на настанот, по што против Л.К. ке биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)