“По распаѓањето на Југославија, јазичните и малцинските права кои Македонците во Србија ги уживаа во голема мера беа укинати. Драго ми е да видам дека работите може да се променат на подобро за нашата македонска заедница во Србија. Прогласувањето на македонскиот јазик за официјален укажува на фактот дека локалните власти имаат капацитет да вратат некои од укинатите права”, рече претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов.
Николов изрази надеж дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на општина Пландиште.
Според тамошните медиуми, законот во Србија укажува дека малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се се прогласи македонскиот јазик за официјален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)