| четврток, 6 декември 2018 |

Осум загинати во авионска несреќа во Мексико

aerodrom-crush500
Осум лица загинаа синоќа при уривање на мал приватен авион во близина на аеродромот во градот Салтиљо во северниот дел на Мексико, соопшти мексиканската Цивилна заштита.

Во соопштението се наведува дека луксузниот авион од типот „Фокер 800“ удрил во покривот на едно складиште при обидот за слетување на аеродромот, по што се запалил и се урнал на земјата. За гаснење на пожарот на пожарникарите им бил потребен околу еден час.

Во време на падот на авионот реонот околу аеродромот бил зафатен со густа магла, која се смета за најверојатна причина за несреќата.

Со авион патувале двајца пилоти, две брачни двојки, 11-годишниот син на едната од нив и уште една жена. Ниту еден од нив не ја преживеал несреќата.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top