| четврток, 6 декември 2018 |

Секси пораките се лага – во пижами наместо голи

Jolly young woman sending a text lying on a sofa
Жените почесто од мажите лажат додека ги пишуваат заводничките СМС пораки, а најчесто се работи за разубавување на вистината, па така наместо чистење, велат дека се допираат или тушираат.

„Што имаш на себе?“ е класичен почеток на едно секси допишување со уште поочекуваниот одговор „ништо“ или „секси долна облека“, но таквите СМС пораки често содржат лаги со кои се заведува партнерот, покажа истражувањето на студентите од Универзитетот во Индиана.

Околу 48 проценти од луѓето признале дека редовно „ја разубавуват вистината“ со секси допишувања.

Во таканаречениот „секстинг“ жените се значително посклони кон лажење, па така 45 проценти од нив признале дека измислуваат секси детали како би го завеле партнерот, додека истото тоа го прават само околу 24 проценти од мажите.

„Жените прават сè за да допринесат за секси атмосфера, па лажењето во СМС пораките е слично на она после сексот, во кое го уверуваат својот партнер дека бил фантастичен“ – вели предводничката на студијата, д-р. Мишел Друин.

Најчести лаги во допишувањето се оние за облеката која ја носат, како и активностите кои ги прават или планираат, а сето тоа со цел да звучат провокативно, објаснија истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top