| четврток, 6 декември 2018 |

Сонце во последниот ден од овој празничен викенд

sonce-pa-dozd

Сонце и облаци во последниот ден од овој продолжен празничен викенд. Според прогнозата на Метеопро повторно во втората половина на денот ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд. Сепак, денот ќе донесе повеќе сончеви периоди во однос на претходниот ден.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност околу 6°С.

Дневниот максимум на температурата ќе биде повисок во однос на претходниот ден. Максимална температура околу 18°С се очекува во поголем дел од земјата. Нешто потопло, до 22°С, ќе биде во гевгелискиот регион.

Во Скопје претстои променливо време со сончеви периоди. Сосема мала е веројатноста за повремен слаб дожд во скопкото подрачје. Температурата наутро ќе се спушти до минимални 6°С. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 20°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top