| четврток, 6 декември 2018 |

Почна изградбата на подводниот тунел кој ќе ги спои Европа и Азија

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го означи почетокот на градежните работи на тунелот „Евроазија“, што ќе минува под Мраморното Море и ќе ги поврзува европскиот и азискиот дел на Истанбул, јави Андолија.

– Овој тунел ќе го намали времето за преминување преку Босфорот од сегашните 100 на само 15 минути – нагласи Ердоган, додавајќи дека вакви тунели низ кои возилата минуваат под вода има само уште четири во Њујорк и по еден во Малезија и во Франција.

1397916453300

Церемонијата на отопчнување на подземните работи на тунелот се одржа во азискиот дел на Истанбул. Ердоган најави дека е предвидено дневно да бидат пробивани по 10 метри од тунелот.

Istanbul-tunnel

Тунелот ќе биде со должина од 14,6 километри и низ него ќе може да минуваат само автомобили и минибуси, додека движењето на камиони, мотоцилки, велосипеди и пешаци нема да биде дозволено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top