Вчера околу 11:00 часот во с.Теарце-Тетово, кај местото„Пештера“ по течението на реката Бистрица, како последица на обилните врнежи дошло до ерозија на земјиштето (дрва и карпи) на потег од околу 100 метри, при што бил оштетен новоизградениот земјен пат и 7 цевки кои биле вкопани под патот.
Градежните работи ги изведува италијански инвеститор „СОЛ Хидрпауер“, кој исто така по течението на реката Бистрица до потегот Пршовце до м.в.„Три воде“ гради неколку хидроцентрали.
Од настанот причинета е материјална штета од околу 50 000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


