Теориите на заговор се засилени со видео снимки на кои може да се види како објект кој личи на ракета удира во метеорот непосредно пред да експлодира во атмосферата и да се распадне на парчиња, а потоа друг објект кој наликува на авион заминува од местото. Руската армија уште истиот ден ги демантираше информациите објавени во неколку руски медиуми кои повикувајќи се на воени извори тврдеа дека неколку борбени авиони со ракети го распрснале метеорот на височина од 20 километри. Дали видеото е веродостојно или станува збор за фотомонтажа проценете сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.