| четврток, 6 декември 2018 |

Американската војска ќе испраќа војници во истокот на Европа

САД разгледуваат испраќање на околу 150 војници на воени вежби кои во наредните неколку недели ќе почнат во Полска и Естонија, изјави
неименуван извор на Пентагон.

Американскиот министер за одбран Чак Хејгл пред неколку дена изјави дека САД бараат начин да ги смират своите сојузници во НАТО во поглед на својата посветеност на заедничката одбрана.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби само потврди дека американски претставници разгледуваат низа дополнителни мерки за унапредување на својата воена подготвеност во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top