Младиот македонски пејач Емил Арсов е полесно повреден после сообраќајна несреќа со неговиот мотор. Неговата десна рака е во гипс, а тој ќе мора да мирува, пренесува „Вистина“.
Тој периодов се подготвува за настапот на „Макфест“, каде ќе настапи со песна на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, а пред тоа планира да промовира уште една песна која ја изработи заедно со Ерик Фокс и Огнен Неделковски.
Mакедонската јавност Емил го запозна по учеството во потрагата по ѕвезди на „М2“, а подоцна и по многубројните настапи на фестивалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.