| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденска хуманитарна акција за матурската прослава на матурантите од Домот за деца без родители

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), во соработка со Македонската православна црква – ОА, традиционално ќе го празнува големиот верски празник Велигден на платото пред Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Членките на СОЖМ своите производи ќе ги претстават на четири куќички-тезги, а средствата собрани од нивната продажба се наменети за хуманитарна цел – за матурско празнување на матурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top