Сопруг почина 15 часа откако неговата сопруга го напушти овој свет. Хелен и Кенет Фелумли го поминаа скоро цел живот заедно. По 70 години во брак, оваа брачна двојка од Охајо не дозволи смртта да ги раздели.

На 12 април, на 92-годишна возрат, Хелен мирно почина во својот дом, а нејзиниот 91-годишен сопруг не го дочека ни утрото без неа. Кенет почина 15 часа подоцна.
Нивните осум деца за локалната телевизија кажаа дека нивните родители се запознале како тинејџери и веднаш станале нераздвојни. Хелен и Кенет останаа длабоко вљубени еден во друг до последниот здив.
– Секое утро се држеа за раце за време на појадокот. Потсвесно знаевме дека татко ни нема да го дочека утрото и тој појадок без неа – изјави нивната ќерка Линда.
Според неа, неколку часа по смртта на Хелен, татко им ги погледнал и кажал дека тој е следен. Опкружен со 24 членови на неговото најблиско семејство, Кенет починал во истиот кревет како неговата сакана сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


