| четврток, 6 декември 2018 |

Нова двојка во „Игра на тронови“

Британските актери Кит Харингтон (Џон Сноу) и Емилија Кларк (Данерис Тангерин)се во романтична врска, пренесува „Дејли меил“.

games-of-thrones-s01e01-844

Колегите од светски познатата серија „Игра на тронови“, наводно, одамна гаеле симпатии еден спрема друг. „Мајката на земјовите“, неодамна изјави дека е сама, но нејзин пријател за американски „Стар“ открил дека таа сѐ повеќе паѓа на шармот на 27-годишниот Харингтон.

large

Имајќи ја предвид огромната популарност на серијата, вестите за нивната врска брзо се раширија. Сепак, и двајцата актери, чија кариера и слава започна токму со „Игра на тронови“, веќе наидоа на првите проблеми.

ao7520

Имено, додека Харингтон, како чувар на северниот ѕид, најчесто е на снимање во Исланд или во Ирска, Кларк воглавно е во Мароко или во Хрватска, но засега, симпатиите ја победуваат далечината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top