| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Србија под вода

јужна србија под вода

Четири реки во јужна Србија се излеаја од своите корита во текот на мината ноќ, како последици на поројните дождови кои последниве денови врнат во регионот.

Најкритично е во реонот на реката Топлица која поплави десетина куќи во селото Кастрат во општина Куршумлија.

Градоначалникот на Куршумлија, Родољуб Видиќ изјави дека припадници на Секторот за вонредни состојби при српското Министрество за внатрешни работи во текот на целата ноќ поставувале вреќи со песок на брегот на Топлица, но на крајот надојдената вода се прелеала преку насипите и го поплавила селото Кастрат.

– Ситуацијата е многу тешка, бидејќи нивото на водата во реките продолжува да расте. Постои опасност од поплавувања на многу станбени згради и во Куршумлија, нагласи претпладнево Видиќ.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека поради излевање на реката Јошаница, целосно е во прекин сообраќајот на патните правци Бујановац – Јошаничка Бања и Јошаничка Бања – Дрење во јужна Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top