| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов со честитка до сите христијански верници

gorge-ivanov

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници во Република Македонија.

– Дозволете ми на сите христијански верници да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Славејќи го денот кога Исус Христос воскреснал, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во вредноста на покајанието и на прочистувањето. За христијаните, Велигден е празник на љубовта и мирот и симбол на триумфот на животот над смртта.Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на различните, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат. Водени од оваа верба треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија на почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и христијанските начела за мир и за заедништво.
Честитајќи ви го најголемиот празник над сите празници, Велигден, ви посакувам добро здравје, духовен мир и спокој, додека на членовите на Синодот и на верниците од православна христијанска вероисповед им посакувам среќа, благослов и нека срцата на сите нас ни бидат исполнети со љубов и добрина, се вели во честитката на Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top