| четврток, 6 декември 2018 |

Британски тинејџер-муџахедин убиен во Сирија

syria-militant-

Еден 18-годишен британски муслиман, кој заминал во Сирија за да се бори на страната на бунтовниците, е убиен, соопшти полицијата во Брајтон, од каде потекнува овој тинејџер-муџахедин. Според неговото семејство, Абдула Дехајес доброволно заминал преку Турција во Сирија, во јануари оваа година, за да им се приклучи на своите двајца браќа, кои веќе биле на фронтот, иако помладиот од нив има само 16 години. Во борбата, за која семејството тврди дека не знае каде се случила, бил повреден и постариот од тројцата браќа.
Британските безбедносни власти веруваат дека преку 400 муслимани од Велика Британија во изминатите две години биле во Сирија за да се борат на страната на бунтовнички сили. Досега се убиени двесетмина од нив.
Половината од оние кои биле на фронтот, во меѓувреме се вратиле во Велика Британија, а околу триесетмина се уапсени, под сомнеж дека се поврзани со терористичката мрежа на Ал Каеда.
Форин Офисот повеќепати досега предупредуваше да не се оди на сирискиот фронт, додека полицијата порачува оти сите кои заминуваат ризикуваат да бидат уапсени при враќањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top