Главниот фактор од одвраќање од Трета светска војна претставува фактот што Русија поседува систем кој овозможува нанесување на втор нуклеарен удар (нуклеарна одмазда), дури и при потполно уништување на командните пунктови и линии за врска на Ракетните единици за стратешки намени. Неговото име е „Периметар“, а во САД го нарекуваат „Мртва рака“.
Основниот систем на управување со стратешките ракети се вика „Казбек“-тој е познат благодарение на комплексот „Чегет“ или „нуклеарно куферче“. „Периметар“ е алтернативен команден систем на нуклеарните сили на Русија. Тој е наменет за автоматски управување со масивниот нуклеарен удар.
Развивање на системот на т.н. гарантиран втор удар почнало во екот на Студената војна, кога стана јасно дека сретствата за радио-електронската борба која непрекинато се усовршуваат, многу брзо може да бидат во можност да ги блокираат редовните канали на управување со стратешките нуклеарни сили. Била потребна резервна варијанта за врска, која гарантира доведување на командите до лансирните уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.