Претседателот Ѓорге Иванов, заедно со претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ја посетија Македонска Каменица, каде по повод Велики Петок , во црквата „ Успение на Пресвета Богородица “, присуствуваа на бдение со пеење на статии – Оплакување Христово.

На христијанските верници, претседателот Иванов им посака претстојните Велигденски празници да ги поминат во спокојство, мир, радост и семејна хармонија.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов оствари средба и со младите од Македонска Каменица. Во разговорите беа разменети мислења околу севкупните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во процесот на образование и процесот на вработување. Притоа, беа изнесени видувањата на младите во однос на перспективите и можностите кои ги нуди државата. Претседателот Иванов ги истакна своите заложби за обезбедување на сигурна и економски стабилна иднина за младите генерации, како и своите заложби во унапредување и создавање квалитетно образование на младите луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


