
Уште еднаш, на општа среќа, сме сведоци за тоа како СДСМ и Стево знаат да се носат со поразот и во тоа е нивната големина. Секаде каде што ќе се појави Стево го дочекуваат како претседател бидејќи победата е повеќе од јасна, исто како објавил на неговиот Фејсбук профил дека работи приватно (Претседател на Македонија), што веднаш ни станува јасно дека Македонија ќе ја води како своја сопствена фирма. Еден од подобрите изјави ги даде во Лисиче кога му се обрати на народот:
„Добро вечер македонски народе, стоко, добровечер Скопје, Македонијо и сите кои се чувтвуваат како стока. Првиот круг на изборите помина како што очекувавме, бидејќи ги пуштивме ВМРО да се порадуваат да видиме со колку разлика ќе победат. Значи, јасно е, 100 000+ разлика што значи толку гласови и се украдени. Секоја стока тоа го знае, и верувам дека и вие сте свесни за тоа. Јас, кој ќе бидам твој Престседател, кој не ги делам луѓето по вера и партиска припадност, сакам да ви кажам дека сите кои гласаа за Иванов се стока. Инаку освен тоа сите сте ми исти. Ние не носиме народ во автобуси, заради тоа што немаме, но, не сакам да мислите дека ве двојам од останатата стока, ве молам, не заборавајте, ние кога бевме на власт кога ги затворивме фабриките и ве оставивме како стока на улица имавме план! Сега ве молам излезете на гласање и гласајте за нас, ќе ви поделиме грантови преку Сорос за живинарство и ќе живееме како лој у бубрег. Јас, Најчевска која се бори за животинските права во Македонија и другите гласноговорници на СДСМ јасно ви даваме на знаење дека народот кој гласаше за Иванов треба да се лечи, дека не е нормален, дека е стока и дека треба да го нема. Ве поздравувам сите, моето семејство, македонскиот народ, целокупната стока која ќе гласа во следниот круг.“
Во меѓувреме на Бихачка:
-Стево е попопуларен од мене, а јас требаше да бидам вториот Бранко. Шо бе вториот, првиот Бранко бе. Викни ги овие што знаат тоа Фотоштоф да извадиме нешто, не може вака. На Фотоштоф да ми направите демек на телефон сме го фатиле Премиерот, ви текнува? Демек мито, за оф шорт компании, а? Зоран да не се викам најубаво ќе биде сите ќе се смееме
– Фотошоп бе шефе и офшор, ама како сме го фатиле неаме опрема да снимаме ќе ни е смеат. Никој не праи такви муабети по телефон и баба ми кога раскажува серија вика не е за по телефон.
-Што се разбира бе оваа стока од народ? Стави нешто старо демек од порано ептен, ставете нешто кеш од напред, кеш нешто. види со Шилегов он ги разбира тие, Рада е тука да ти помогне и наместете го. Вака, вака, ми текна: еден бизнисмен, некој така, еден неважен демек што посредувал и Премиерот. И снимени и доле да оди текстот и убаво да им се гледаат лицата и на јутубето ставете го кај што гледам Сулејман епизоди, таму сите видеа ги има.
-Јутјуб шефе, ама нели телефон од кај фаци сега, гласови веројатно да ставиме.
-Гласови, овој што го збори Сулејман да е Премиерот или Полат Алемдар, одма да ги препознаат
-Шефе, гласовите треба да личат на луѓето што ги монтираме, не да бидат синхорнизирани. Ај ќе видиме.
-Вие сега монтирајте таму снимајте, а јас ќе најавам дека имаме снимка. До кога ќе биде готово до четврток ќе биде да ја пуштиме? Таман на Велигден празникот да им го расипам. И народов да се порадува, овие стокиве глупави да видат кој им е Премиер и оп како и другиве овци да гласаат за мене. Зоран да не се викам колку сум најпаметен, и за другиот маскембал Анштај да ме напраите!
-Ајнштајн бе шефе, Ајнштајн.
Мила ем весела
Мила ем весела
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


