| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес во Мексико

Силен земјотрес денеска го погоди централно и јужно Мексико. Мексиканската сеизмолошка опсерваторија процени дека јачината на земјотресот изнесува 7 степени според Рихтеровата скала. Се смета дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Акапулко, односно на оддалеченост од околу 300 километри од Мексико Сити. Засега нема информации за штети и жртви.

Земјотресот во Мексико Сити траел најмалку 30 секунди, зградите се нишале, а илјадници граѓани преплашено истрчале на улиците. Поради Велигден, во градот нема толку многу луѓе како вообичаено.

Во земјотрес со јачина од 8,1 степени во Мексико Сити, што се случи во 1985 година, загинаа најмалку 6.000 луѓе, а беа уништени повеќе објекти. Тогаш епицентарот на земјотресот беше на околу 400 километри од Мексико Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top