| четврток, 6 декември 2018 |

За Велигден ќе се пренасочи сообраќајот во центарот на Скопје

veligden02

По повод верскиот празник Велигден од денеска и во наредните три дена се очекува зголемен пристап на граѓани околу верските објекти поради што ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција.

Во оваа насока, на 19 април, сабота, од 19 до 02 часот на 20 април, недела, ќе биде пренасочен сообраќајот околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и тоа на бул. „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со ул. „Франклин Рузвелт“, кај „Симпо“, се до крстосницата со бул. „ВМРО“ и зградата на Македонски пошти и на бул. „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со бул. „Илинден“, кај Владата на Република Македонија, се до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“ кај студентскиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top