| четврток, 6 декември 2018 |

Отец Јован: Политичарите да ги мерат зборовите, секој што навредува, сам се омаловажува

Овие денови би требало навистина тие што прават кампања да водат сметка како се изразуваат и што зборуваат, порачува отец Јован.

Господ Исус Христос својата проповед ја започна со повик за покајание но ја заврши својата мисија на крстот со проштевање „Оче прости им оти не знаат што прават“. Значи на своите џелати им проштева, и со тоа ни дава и нам пример дека и ние не треба својот напредок во животот да го градиме врз тоа да го понижиме, посрамотиме противникот… Да најдеме доволно сили и на своите непријатели да им простиме оти секој човек кој навредува , кој се труди другога да го омаловажи тој всушност самиот себе се деградира. Да научиме сите нешто од примерот на Господа Христа. Па затоа бидејќи сега е празник, оние кои работат сега на промовирање на своите кампањи, да најдат време да појдат прво в црква, и после тоа што ќе го зборуваат да ги мерат зборовите, да не се трудат да испуштат тешки зборови, вели отецот Јован во утринската емисија на Канал 5 „Здраво Македонијо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top