| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Гасификацијата останува примарна цел

deksion jankulovska2

 Носителот на Изборната единица два, на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ Гордана Јанкулоска денеска на средби со од Волково, Хром, населбата Дексион, Општина Ѓорче Петров, со населението од Економија, Јане Сандански, село Инџиково, ја презентираше програмата на ВМРО – ДПМНЕ и новите инфраструктурни проекти.

– Во нашата програма нудиме проекти за интензивна изградба на инфраструктурата и тоа подобрување на состојбата во патната инфраструктура преку изградба на автопати, подобрување на состојбите во железницата. Се разбира наша примарна цел останува и гасификацијата на Република Македонија, нагласи Јанкулоска во Волково.

Таа посочи дека ќе продолжат со проектите кои значат подобрување на водоснабдувањето и изградба на канализациони и водоводни мрежи. Во таа насока, потенцира, во Волково се гради пречистителна станица за која се одвоени 6 милиони евра што ќе значи подобар квалитет на водоснабдувањето на граѓаните од овој дел на Скопје.

jankulovska

Јанкулоска додаде дека во рамки на инфраструктурните проекти предвидена е изградба  и асфалтирање на низа локални патишта и сервисни улици кои во следниот период ќе бидат завршени преку поддршка од Владата со обезбедени средства на централно, а ќе бидат реализирани во средините каде што граѓаните посочуваат дека имаат најголем проблем.

– Поддршката што ни ја дадовте во првиот круг, со една таква поддршка народот кажа дека одлуката кој да биде претседател е веќе донесена, на претседателот Ѓорѓе Иванов само ќе биде потврдена, рече на средбите со граѓаните на Хром, во општина Ѓорче Петров, Јанкулоска.

Меѓутоа, истакна таа, сега битката е победата – некој може да препознае по нешто што се однесува на него, на неговото семејство, на неговите блиски. Јанкулоска нагласи дека преку Агенцијата за млади и спорт, УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со единиците на локалната самоуправа започната е реализација на проект за опремување на фудбалски игралишта со вештачка трева.

– Во наредниот период предвидуваме 15 сервисни улички во општината Ѓорче Петров во износ од 1,970,716 евра, рече меѓу другото Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top