Азиски стршлени кои се појавија во Европа пред десетина години се многу опасни и можат да предизвикаат смрт и кај лица кои не се алергични.
Големиот азиски стршлен може да порасне и до 5 сантиметри. Има портокалова глава со големи црн заб. Ги има на подрачјето од Русија, преку Кина и Јапонија до Индија и Шри Ланка. Но, ги има и во Европа. Минатите неколку дена француските медиуми објавија дека од убод од стршлен во оваа земја починале шест лица. Стршлените се селеле од Франција кон Велика Британија. Со оглед на тоа дека биле регистрирани и во Италија постои можност опасните стршлени да дојдат и на Балканот.
Лекарите предупредуваат дека треба да се биде присебен и да не се паничи кога ќе се забележат.
– Не вреди да се бега. Особено ако станува збор за азиските стршлени, затоа што тие летаат со брзина од 40 километри на час. Иако стршлени и слични опасни инсекти има на овие подрачја, сепак, во скоро време не се надеваме дека ќе стигнат азиските стршлени на Балканот, вепат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст