| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА: Откриена планета на која е можен живот

kepler186f

Меѓународен тим астролози открил планета надвор од сончевиот систем голема колку Земјата на која водата би можела да постои во течна состојба, што би значело дека е можен живот.

Тоа откритие е потврда дека веројатно е откриена братска планета на Зеплата во нашата галаксија Млечен пат. Информациите за ова откритие се објавени вчераво американскиот магазин Сајенс.

– ТОа е прва егзоппланета со големина на Земјата пронајдена во зона на некои други ѕвезди, нагласува Елиса Куинтана, астроном од НАСА која го водела истражувањето.

Тоа што го прави ова истражување посебно интересно е фактот дека планетата наречена Кеплер -186ф е во орбитата на една џуџеста ѕвезда многу помалку жешка од Сонцето во внатрешната зона каде водата може да биде во тежна состојба. Тоа подрачје се нарекува населиво затоа што животот како што нам ни е познат и кој зависи од постењето на вода таму има најмногу шанси за развој, откриваат научниците.

kepler186f_earth.jpg.CROP.original-original

Од приближно 1.800 егзопланети откриени во последните 20 години, дваесетина се во орбити на нивните ѕвезди во населеива зона. Но тие планети се значително поголеми од Земјата па е тешко да се одреди дали се плиновити или карпести.

Кеплер-186Ф се наоѓа во ѕвездениот систем сместен 490 светлосни години од Сонцето и опфаќа пет планети со големина на Земјата, но само Кеплер-186Ф е во населива зона а останатите се преблиску до ѕвездата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top