Ќе упатам апел до оние кои апстинираа од гласање и до оние кои се колебаат за кого да гласат и до оние кои од било кои причини не излегле да галсаат. Ќе се обратам и до оние кои размислуваат да гласаат за малите партии, што се борат за еден или два пратеника и најчесто не добиваат ниту еден.
Но оваа вечер ќе се обратам и до гласачите, членовите и симпатизерите на СДСМ. Ова раквоство на СДСМ, на овие избори отиде низ вода.
Дајте помогнете сите вие, помогнете зарад вас, заради вашите деца, заради вашата иднина, заради решавање на вашите проблеми, затоа што во Програмата има проекти за сите луѓе, независно кој од која партија е, која вера, етникум или во каква социјална положба е.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“
-ВМРО-ДПМНЕ работи за сите и сака да им помогне на сите. Затоа, сите да ги концентрираме гласовите сега во поддршка на оваа Програма и добивање на 62 места во Парламентот. Ако до неделата не беше на секому јасно ќе победи, сега му е јасно. Ќе победи ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата, ќе победи Ѓорге Иванов. Сега веќе е сосема јасно дека сме на чекор до 62 пратеника.
Груевски повика на обединување за, како што рече, најквалитетната програма која е за сите граѓани.
-Да освоиме 62 места во Парламентот за да немаме уцени и кочници за реализација на овие 2 046 проекти. Да можеме успешно, навремено, без доцнење и целосно да ги реализираме проектите за доброто на сите граѓани на Македонија, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии