Целиот Балкан се крена на нозе за малиот Марко од Србија на кој во еден ден му се сруши целиот свет откако остана без мајката Драгица (37), таткото Ѓоко (46), сестрата Марија (13), братот Андрија (6) и стрината Снежана (47).
Во понеделникот малото момченце собра сила и отиде на училиште, а потоа изјави дека сака за него да се грижи неговиот чичко.
Како што пренесува српскиот Курир, голем број лица како од Србија, цел Балкан и странство се заинтересирани да помогнат на малото момче кое го зави во црно голема трагедија. Бројот за донации во Комерцијалната банка во Србија е 205 – 9011005461043 – 18 на име Marko Vučinić.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


