| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на еден српски жиголо

Триесетгодишниот Александар, кој работи како тренер по пливање на Флорида, кога се враќа во родниот Белград заработува од тоа што работи како жиголо, пишува „Блиц“.

– Дамите кои ми се јавуваат се образовани и успешни жени. Единственото што не го оствариле се сексуалните фантазии, а јас тоа им го исполнувам, без срам. Оваа работа не ја работам затоа што морам, туку затоа што уживам – вели тој.

Тој веќе 13 години живее во Мајами, во Белград продава еротска масажа и секс:

– Идејата дојде од еротските масажи бидејќи уживам во допири, многу жени, особено оние над 40 години, тие знаат да уживаат во машкиот допир. Со мене можат да пробаат се. Што и да сакаат можат да предложат – додаде тој.

Александар дипломирал на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград, а клиентките не му се само од Белград, тој често и патува низ Србија.

– Ме контактираат дами од сите профили, а меѓу нив има и жени кои се на високи позиции, од политичката сцена, сликарки, професорки. Дискрецијата е загарантирана, а кога ќе се уверат во тоа, доаѓаат и по неколку пати. Цената е симболична, 33 евра. Сеансите траат околу 2 часа. Во Белград сум во просек по еден месец, а за тоа време примам од 5 до 10 дами. Јас не заработувам од тоа, тоа ми е дополнителна заработка. На Флорида на се занимавам со ова – вели Александар.

Тој исто така вели дека се разликува од другите бидејќи бира со кој ќе спие.

– Дамите не ги бирам по физички изглед, ниту материјално, туку сакам да комуницирам со нив, да бидат образовани, негувани и хигиената ми е на прво место. Најмногу ми се јавуваат дами преку 40 години кои знаат што сакаат – истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top