| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА и Макаби славеа по продолженија

Во првите натпревари од четврфиналните дуели меѓу ЦСКА – Панатинаикос и Армани Милано – Макаби победија фаворитите потешко од очекувањата по продолженија.
ЦСКА иако важи за фаворит во ова четврфинале против грчкиот Пао се намачи и дури по дополнителните пет минути успеа да слави на домашен паркет.

cska

Во регуларниот дел резултатот беше 72-72, а по продолжението ЦСКА успеа да слави со 77-74.
Во првиот дел ЦСКА водеше со седум разлика и се очекуваше лесно да го приведе натпреварот до крај, но грците со добра одбрана дури и успеаа да водат до 30 секунди до крајот. Кајл Хајнц постигна тројка и успеа да го израмни резултатот и да го однесе натпреварот во продолжение.
Најефикасен на мечот беше Сони Вимс со 21 поен. Кај гостите се истакнаа на Лазме и Мациулис со 14 коша.

makabi

Макаби со целосен пресврт во последната четвртина во која славеше со 12 коша разлика успеа да го израмни резултатот и да го одведе натпреварот во продолжение. Во регуларниот дел мечот заврши 87-87. Ефикасната игра на двата тима продолжи и во дополнителните пет минути. Макаби успеа да слави со 101-99 откако мораше во продолжение да постигне дури 14 поени за да се радува на победата.
Победата на Макаби им ја донесе Рики Хикмен кој беше најефикасен на паркетот со 26 поени. Солидна вечер имаа и Скорцијанитис со 18 и Рајс со 17 поени. Кај Армани Милано дури шест играчи постигнаа двоцифрен број поени, нив ги предводеше Кејт Ленгфорд со 18 коша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top