Нова директна линија Скопје – Рим отвора италијанскиот авиопревозник Алиталија. Летовите ќе стартуваат од 2 мај со редуциран распоред, односно 30 повратни летови, додека од 1 јуни компанијата ќе има секојдневни директни летови до Рим.
Компанијата вели дека сака да им излезе во пресрет на луѓето што треба да патуваат во Италија поради деловни причини, но истовремено да им овозможи на Македонците во Италија полесно да патуваат до и од Македонија, како и да овозможи на сите корисници во Македонија поврзување со светот преку мрежата летови на Алиталија.
По повод отворањето на новата линија, Алиталиа одлучи да им понуди на клиентите специјална понуда, односно промотивни цени за Рим од 99 евра, за остатокот од Италија од 149 евра и до европските дестинации, цени од 199 ЕУР. Овие авиобилети ќе бидат на продажба за ограничен период, од 20 до 30 април.
Алиталија го назначи VAS Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



