| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободени руските новинари приведени во Украина

медиуми

Украинските војници ги ослободија камерманите на серуската државна радиотелевизиска компанија, меѓу кои специјалниот дописник Евгениј Рашетнов, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение на телевизијата „Русија 24“.

Новинарите беа приведени вчера во харковската област недалеку од градот Изјум. Во составот на групата камермани биле специјалниот дописник Евгениј Решетнов, операторот Сергеј Трусков и инженерот Вадим Кливанов.

Руската амбасада испрати нота до украинското Министерство за надворешни работи со барање да биде разјаснета ситуацијата, објави телевизијата „Русија 24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top