| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Снегот е доказ дека и Бог би гласал за нас

sneg straza april

Снегот што падна во Македонија денес и ги блокираше сите планински превалци отежнувајќи го движењето низ земјата е директна порака од природата дека дојде време ВМРО-ДПМНЕ да замине од власт, велат од изборниот штаб на СДСМ.

– Снежните навеви во април, кои се ретки како нашите победи на избори, се директен јасен знак дека и Бог сака да дојде до смена на власта во Македонија. И видете како Севишниот ни помага – им го блокираше патот на вмровците да не може да дојдат на митинзиите денес закажани за Крушево и во Прилеп и да не успеат да им се обратат на десетиците илјади гласачи од овој регион, со што сметаме дека овие гласови автоматски ќе ни припаднат нам – вели нашиот извор од СДСМ.

– Дополнителен индикатор дека им дојде крајот е тоа што снегот падна токму во денот кога експедицијата на ВМРО требаше да го посети илинденско Крушево и градот херој – Прилеп, двата града, кои се, можеби, најзаслужните предвесници на нашата денешна независност, иако ако не беше Глигоров ма**ња голи што ќе имавме држава, Киро ја направи оваа држава заедно со Тито и Темпо и Лазар, тие и на снег знаеа да стигнат во Јајце, а не како вмровците денес и Ченто на времето кои му цвикаат на снегот  – емотивно продолжи изјавата на анонимниот врач од Бихаќка.

– За разлика од судбината која ги снајде вмровците, нашите лидери Заев и Шеќеринска за денес имаат закажано средби со граѓаните во Ѓорче и Центар. Па да ве прашам: камо снег во Ѓорче и Центар, господа од владата? Не видовме ниту една снегулка во овие две општини. Зарем треба појасен доказ дека природата е на наша страна? Па да имавте закажано митинг во Сахара денес, и таму ќе заврнеше снег. Готови сте! Крушево и Прилеп се наши! НАШИ! – изјави на крајот од своето обраќање нашиот извор.

Неофицијално состанокот на изборниот штаб на СДСМ и Пендаровски денес започнал со едноминутен аплауз и скандирање „Стево! Стево! И небо е со Стево!“ поради задоволството на сите од временските неприлики на патот на карванот на ВМРО ДПМНЕ. Во СДСМ сметаат дека директна заслуга за ова има токму кандидатот Стево Пендаровски кој пред 2-3 недели после долго време се појави во црква и се сликаше, за долго сеќавање.

Кромиди Запад

***  Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top