| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Во европските медиуми постои „бетонски ѕид на цензура“

moskva

Ставовите на Москва за Украина не допираат до европските граѓани, бидејќи тие наидуваат на „бетонски ѕид на цензура“ во медиумите, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

– Европските читатели и гледачи сега фактички не можат да добијат сеопфатна информација. Тие немаат право на слобода при избор на информации. Тоа го констатираме со огромно жалење, но тоа е вистината – истакна Песков.

Според него, претседателот, парламентот и министерот за надворешни работи на Русија активно работат на тоа да ги „објаснат погледите на Москва и да ги оспорат овие или оние обвинувања и шпекулации“.

Тој додаде дека рускиот став е аргументиран и логичен, но „не поминува“ поради цензура во европските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top