ВМРО-ДПМНЕ во претходните мандати покажа дека знае што е потребно за остварување на економски раст дури и во услови на сериозна светска криза и европска должничка криза, кога предизвиците дополнително го отежнија процесот на креирање на нови работни места, истакна Владимир Пешевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Владимир Пешевски.
Она што го наметнавме како стандард беше постојана посветеност за развој и поддршка на приватниот сектор преку:
- Ниски трошоци за фирмите за работа;
- Натамошно подобрување на бизнис – климата;
- Натамошна изградба на економската инфраструктура – патишта, железници, енергетика;
- Како и поддршка за подигање на иновативниот капацитет на фирмите.
Со новата програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во континуитет да им дава силна поддршка на домашните компании во вид на субвенционирани кредити, ниски даноци со нула стапка за данок на реинвестираната или задржаната добивка, како и значително да ја подобрува бизнис-климата и условите за водење на бизнис.
Од проектите кои се вклучени во програма и кој се надеваме дека ќе преставуваат значајна поддршка за компаниите би ги издвоил:
- КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕПТРИЈАТИЈА
Преку МБПР, односно ЕИБ, обезбедивме исклучително поволни кредитни линии, во износ од 100 милиони евра, со субвенционирана камата со 5.5% (најниска во земјата), кои во текот на 2014 година и во следниот период ќе бидат достапни на располагање на малите и средни претпријатија. Чисто да потсетам до сега преку 800 компании искористиле средства од оваа кредитна линија и некоклку илјади работни места се креирани со помош на оваа кредитна линија.
- ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ
Фондот за иновации, кој претставува историски чекор во Република Македонија кон поддршката на иновациите и главна задача е да го подигнеме иновативниот капацитет на македонските компании и нивно комецијализирање.
За таа цел фондот за иновации ќе има 4 финансиски инструменти преку кои ќе се доделуваат парични средства на македонските компании и тоа:
– Грантови за старт-ап (start-up), спин-оф компании и иновации до максимален износ од 30.000 евра. Овој инструмент е наменет за новоосновани, микро и мали претпријатија со цел поттикнување и имплементирање иновативни решенија и поддршка на компании кои имаат висок потенцијал за раст, како и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности преку формирање спин-оф компании.
– Грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до максимален износ од 100.000 евра. Овој инструмент е наменет за финансирање мали и средни претпријатија со цел реализирање и имплементација на иновативни решенија, иновативни процеси и воведување иновации кај компаниите, како и поддршка на компании кои имаат висок потенцијал за раст.
– Грантови за трансфер на технологии до максимален износ од 200.000 евра. Овој инструмент е наменет за воведување иновативни и напредни технологии во поголемите македонски компании.
– Поддршка за формирање акцелератори до максимален износ од 500.000 евра. Тоа се компании кои што им помагаат на малите компании или на луге иноватори да ги комерцијализираат своите иновации.
– Фондот ќе доделува и средства за техничка помош на компаниите до максимален износ од 5000 евра.
- ТОП МЕНАЏМЕНТ
Продолжува реализацијата на проектот „Топ менаџмент“, проект преку кој на менаџери од македонски извозно ориентирани компании им обезбедува теоретска обука во Република Македонија и практична обука во компании во странски развиени земји.
Во текот на 2014 и на 2015 година околу 160 менаџери кои ја завршија теоретската обука ќе посетуваат практична обука во високоразвиена европска земја.
- СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ
Ќе ја продолжиме реализацијата на проектот на Владата за јакнење на капацитетите и знаењето (know-how) на домашните компании, односно ќе ги продолжиме обуките од стручни странски експерти во согласност со интересот и потребите на компаниите.
На тој начин очекуваме да се подобри конкурентноста, ефикасноста и стандардите во работењето на домашните компании, како и пристапот до нови пазари.
- СОРАБОТКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
Она што го најавивме за компаниите кои би требало во слободните економски зони да бидат лоцирани како тие да ја зголемат соработката со домашните компании ние предвидуваме неколку активности:
– Ќе го олесниме процесот на добивање меѓународни сертификати, со што квалитетот на производите што ги произведуваат домашните фирми би бил на уште повисоко ниво.
– Ќе се ревидираат и процедурите за доставување стоки и услуги во слободните економски зони.
– Ќе продолжи и организирањето на директни деловни средби меѓу странските и домашните компании со цел тие да остварат понатамошна деловна соработка.
– Преку МБПР, ќе се обезбедат поволни финансиски средства за купување опрема и машини со кои домашните компании ќе можат да го модернизираат сопственото производство и да ги постигнат бараните стандарди за соработка со странските инвеститори.
Силно веруваме дека предвидените проекти значајно ќе го помогнат домашното стопанство, бидејќи целта на ВМРО-ДПМНЕ, е да создадеме модерна економија која ќе конкурира на европските и на светските пазари, што ќе значи нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата, а ние ќе ве потсетуваме цело време на нив
-
Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во Пехчево



