Доделувањето на наградите „Виртуози“ кое го иницираше Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), Македонската фулхармонија и Македонската опера и балет (МОБ) ќе биде на 2 март во МОБ.
– Целта на наградата „Виртуози“ е да им се даде признание на уметниците, а сите други уметници да се поттикнат за креативни проекти. Целта е и да се афирмира класичната музика која има минимален простор во медиумите- рече претседателот на СОКОМ, Сони Петровски.
Номинирани се по три уметници, ансамбли или манифестации од музичко-сценската уметност во десет категории, а за наградените ќе одлучува 11-члено стручно жири – музички и балетски уметници, педагози и теоретичари. Наградата, е статуетка од авторката Виолета Коцев, која беше избрана на конкурс.
За категоријата музички организатор се номинирани националните установи Македонска опера и балет, Македонска филхармонија и „Охридско лето“. Во категоријата „Камерен ансамбл“ номинирани се Дуо Кировски, Мјузик прогресив квартет и Трио интерарт. Во „Музички публицист“ се Аида Ислам, Марко Коловски и Васка Наумова-Томовска. Во категоријата „Млад музички уметник“ номинирани се пијанистот Дино Имери, хармоникашот Александар Коловски и виолинистката Софија Никоска. Во категоријата „Голем ансамбл“ се Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Мешаниот хор „Драган Шуплевски“.Во категоријата „Музичка манифестација“ ќе се натпреваруваат „Денови на македонската музика“, „Охридско лето“ и „Скопско лето“. Во „Музичко-сценски уметник“ номинирани се сопраните Ана Дурловски и Весна Ѓиновска-Илкова и балерината Александра Мијалкова, а во категоријата „Композитор“ – Дарија Андовска, Фатос Лумани и Александар Пејовски.
Во „Меѓународна афирмација“ номинирани се Ана Дурловски, Благој Нацоски и Симон Трпчески, во категоријата „Музички изведувач“ – пијанистките Марија Вршкова и Ана Гацева и виолинистот Љубиша Кировски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири


