| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер пред потпис на нов договор

Навивачите на Арсенал се лути на францускиот тренер, но раководството не размислува да продолжи без него

Како одговор на се почестите притисоци од навивачите за крај на престојот на Арсен Венгер на Емирати, денеска од Арсенал тргнаа вести дека раководството на клубот има намера да му го продолжи договорот на Французинот за нови две години. Тој и така завршуваше летото 2014-тата, што претпоставува дека во прашање се вкупно три сезони. Фановите на Арсенал се гневни на Венгер по елиминацијата од ФА купот, а како аргумент го користат и податокот дека екипата со него на клупата не освоила трофеј цели осум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top