| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Македонија и Турција ќе останат пријатели до судниот ден

Ако денес е крај на светот, тогаш како судбина сакам да бидам во Скопје. Скопје го гледам како свој дом. Пријателството меѓу Македонија и Турција ќе трае се до судниот ден.

Вака турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу го истакна значењето на добрите односи меѓу двете земји, соработката, а пред се пријателството.

Тој на денешната средба со неговиот македонски колега Никола Попоски посочи дека двете земји имаат одлична соработка во полето на економијата, културата и одбраната пред се.

Според него силна е турската поддршка за кандидатурата за членство на Македонија во НАТО.

Во однос на економската соработка која ја имаат двете земји, двајцата министри нагласија дека интензивно работат во насока на нејзино зголемување.

-Македонија и Турција имаат плодна соработка во економската размена, која засега изнесува 400 милиони долари. Двете земји сакаат истата да достигне една милијарда долари, посочи Попоски.

-Големо значење има економската соработка меѓу нашите земји. При сегашната посета на Македонија остварив средба со неколку турски бизнисмени кои се во Македонија и можам да кажам дека ги поттикнуваме што е можно повеќе да инвестираат во Македонија, посочи Давутоглу.

За време на 20-годишната интензивна билатерална соработка меѓу двете земји остварени се 20 претседателски и 9 премиерски посети, а се случени околу 70 договори за соработка.

Двајцата министри нагласија дека имаат заедничка визија за иднината, заедно ќе работата за интегрирање на регионот и за обезбедување на уште подобри услови за поинтензивна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top