Големото загадување на воздухот во Кина и другите азиски земји имаат големо влијание врз времето низ целата северна хемисфера, покажа нова научна студија.
Научниците веќе алармираа дека смогот од Кина, преку Пацификот доаѓа и до Лос Анџелес, а сега предупредуваат дека честичките од загадувањето ги брават посилни бурите над Тихи Океан , кои влијаат врз временските системи во другите делови на светот, пренесува „Би-Би-Си“.
Ефектот на загадувањето беше највпечатлив во текот на оваа зима, пишува во студијата објавена во Зборникот на Американската национална академија на науките.
– Ефектите се драматични. Загадувањето резултира со поцврсти и повисоки облаци и големо ниво на врнежи – вели водечкиот автор на студијата, Јуан Ванг, од Калифорнискиот институт за технологија.
Во некои делови на Азија загадувањето на воздухот е поголема отколку кое било друго место во светот. Во главниот град на Кина, Пекинг, загадувањето често достигнува концентрација опасна по здравјето на човекот, а емисиите на штетните гасови во главниот град на Индија, Њу Делхи, се редовно над препорачаното од страна на Светската здравствена организација.
Загадувањето, јасно, има огромно влијание врз здравјето на жителите на регионот, но сѐ повеќе докази покажуваат дека влијанието на загадувањето е многу поголемо.
Кинески и американски научници со употреба на компјутерски климатски модели, го анализираат влијанието на загадувањето од Азија во другите временски системи.
Научниците велат дека ветрот ги носи честички кон северот на Пацификот, каде што доаѓаат во контакт со капките вода во воздухот. Ова предизвикува поголема густина и помоќни облаци над океанот.
Временските случувања во Тихи Океан влијаат на глобалната циркулација на воздухот, па влијанието на загадувањето во Азија се чувствува и во други делови на светот, особено во зима , велат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.